Комшиска кавга преасна во трагедија. Сосед полицаец застрела двајца браќа во двор во Торана

 Припадник на Воената полиција застрелал двајца соседи – едно лице е рането!

Трагедија ја потресе Тирана откако обична соседска расправија прераснала во крвава пресметка, во која две лица го загубиле животот, а едно лице било рането. За двојното убиство е уапсен 40-годишен припадник на Воената полиција.

Според информациите од албанската полиција, трагичниот настан се случил на улицата „Петрела“, во населбата Баторе во Тирана.

Како што пренесуваат албанските медиуми, осомничениот, кој е припадник на Воената полиција, наводно пукал кон своите соседи по расправија што избувнала поради банални причини.

Во вооружениот инцидент две лица починале, додека трето лице се здобило со повреди.

Албанската државна полиција соопшти дека во врска со случајот е уапсен 40-годишен маж, осомничен за вмешаност во двојното убиство.

Според првичните информации, на трагедијата ѝ претходел конфликт поради незначителни причини, кој завршил со употреба на огнено оружје.

Надлежните институции продолжуваат со истрагата за целосно расветлување на околностите, мотивите и причините што довеле до оваа трагедија.

Случајот повторно го отвора прашањето за насилството и употребата на огнено оружје при секојдневни конфликти.